Почитувани идни колеги и соработници,
Како општествено одговорна компанија и со постојан раст во изминатите 26 години менаџментот на EDG одлучи да додели СТИПЕНДИИ за студенти на смер ЗАБНИ ТЕХНИЧАРИ. Стипендијата ќе опфати:
- целосно покривање на финансиските трошоците за упис во средно техничко или вишо школо;
- доделување на месечен надомест на стипендијантот;
- целосна платена кирија или патен трошок на стипендијантот.
Кандидатите што ќе се пријават и ќе бидат избрани добиваат:
- практични вежби за време на студирањето;
- загарантирано работно место во технички најсовремена активна работна средина во земјава;
- континуирана едукација;
- загарантирана стартна минимална плата од 40 илј денари со првото вработување и можност за раст.
Се надеваме дека со ова ќе го стимулираме развојот и производството на млади и талентирани студенти утрешни високи стручњаци и професионалци во ова поле.
За повеќе информации околу условите за добивање на стипендијата Ве молиме пополнете го формуларот подолу и испратете го. Нашата администрација ќе Ве контактира наскоро.
Ви посакуваме успех во изборот !