Добредојдовте во ЕНДОМАК!

Ние Ви ги нудиме нашите можности и способности кои се израз на нашата посветеност на врвни резултати. Имаме одличен тим посветен на грижата за забите.

Работното време го прилагодуваме според потребите на клиентитите. Нудиме сигурност, ги почитуваме времето и довербата на нашите клиенти. ЕНДОМАК ги следи најновите достигнувања и трендови во стоматологијата и во медицината, постојано одржува квалитет и гаранција, при што води сметка за заштеда на време и пари и особено за афирмација на стоматологијата. Во чекор сме со најновите методи и техники, работиме со најсофистицирани апарати и материјали.

Преку врвна стоматологија и квалитетни односи ние го подобруваме оралното здравје, ја подигаме самодовербата и ги правиме посреќни нашите клиенти.

Што е Ендомак…

ЕНДОМАК е приватна здравствена организација со долгогодишно успешно работење и со големо искуство во ОПШТАТА СТОМАТОЛОГИЈА, ЕНДОДОНЦИЈАТА, РЕСТАВРАТИВНАТА И ЕСТЕТСКАТА СТОМАТОЛОГИЈА, ИМПЛАНТОЛОГИЈАТА И ОРТОДОНЦИЈАТА.

Во ЕНДОМАК работат повеќе ординации кои овозможуваат комплетна стоматолошка заштита, почнувајќи од превентивни постапки за спречување на болести на забите и устата, лекување на сите заболувања на забите и меките ткива и козметски и естетски процедури со дизајнирање на насмевката.
Во рамките на ЕНДОМАК работат заботехничка лабораторија и рендген кабинети. На своите пациенти им нуди врвни здравствени услуги, почнувајќи од рутинските стоматолошки третмани, до комплексни реконструкции на тешко оштетените заби, во вистински удобна и опуштена атмосфера.

Ординациите располагаат со врвна стоматолошка опрема од најреномирани светски производители, со технички можности кои ги задоволуваат највисоките стандарди во работењето. Материјалите за работа внимателно се одбираат и за реставрација на забите се користат исклучиво материјали со висок квалитет.
Квалитет, одговорност и посветеност на работата се основните постулати врз кои се темели работата на стоматолозите во ЕНДОМАК. Секогаш се следат најновите трендови во поглед на техниките, опремата, материјалите и комуникациите. Тимот на ЕНДОМАК ги следи и ги применува врвните новини во стоматологијата и во медицината и континуирано се едуцира и обучува. Сите се занимаваат и со научна работа и објавуваат стручни текстови од својата област.

Нашата фамилија…

Совршен спој на научните сознанија и новите практики

Академијата за естетска стоматологија -Ендомак е посветена на унапредување и имплементирање на научните сознанија и практики во стоматологијата и поттикнување на највисоките стандарди за етичко однесување и одговорна грижа за пациентот од естетските стоматолози, забните техничари и другите стоматолошки професионалци.

За повеќе информации кликнете тука

Заботехничка лабораторија

Тимот од обучени и сертифицирани дизајнери, техничари и керамичари секојдневно ги применуваат своите врвни знаења и тековни обуки, со цел да се добие највисок квалитет, естетски префинети и професионални резултати.

За повеќе информации кликнете тука

Online продавица за стоматолошки материјали, опрема и сервис

DENTALSHOP.MK e ексклузивен увозник и дистрибутер на врвна стоматолошка опрема од најреномирани светски производители, со технички можности кои ги задоволуваат највисоките стандарди во работењето.

Доколку сте заинтересирани за производите што ги користеме ние во ЕНДОМАК кликнете тука

MCENTER MACEDONIA – MIS центар за дигитална стоматологија

MGuide системот на MIS Implants е единствен дигитално изработен најнапреден хируршки систем во светот, кој нуди “GPS” навигациона прецизност на имплантологот при поставување на имплантите.

Нашиот тим, наша најголема гордост

Dr. Dimitar Tasevski
Dr. Dimitar TasevskiOral Surgeon, Implantologist, MIS implants opinion leader, Mguide specialist
Dr. Stipica Popovski
Dr. Stipica PopovskiProf. Dr. Sci PhD, Orthodontist
Dr. Aleksandar Trajanoski
Dr. Aleksandar TrajanoskiDDS, DSD Master, ESCD member
Dr. Ana Gugushovska Trajanoska
Dr. Ana Gugushovska TrajanoskaOral Surgeon, Implantologist, Mguide specialist
Dr. Makedonka Tasevska
Dr. Makedonka TasevskaDDS, General Dentist