Почитувани идни колеги и соработници,

Како општествено одговорна компанија и со постојан раст во изминатите 26 години менаџментот на EDG одлучи да додели СТИПЕНДИИ за студенти на смер ЗАБНИ ТЕХНИЧАРИ. Стипендијата ќе опфати:

  • целосно покривање на финансиските трошоците за упис во средно техничко или вишо школо;
  • доделување на месечен надомест на стипендијантот;
  • целосна платена кирија или патен трошок на стипендијантот.

Кандидатите што ќе се пријават и ќе бидат избрани добиваат:

  • практични вежби за време на студирањето;
  • загарантирано работно место во технички најсовремена активна работна средина во земјава;
  • континуирана едукација;
  • загарантирана стартна минимална плата од 40 илј денари со првото вработување и можност за раст.

Се надеваме дека со ова ќе го стимулираме развојот и производството на млади и талентирани студенти утрешни високи стручњаци и професионалци во ова поле.

За повеќе информации околу условите за добивање на стипендијата Ве молиме пополнете го формуларот подолу и испратете го. Нашата администрација ќе Ве контактира наскоро.

Ви посакуваме успех во изборот !

    Прикачи Ваша фотографија