Дигитална стоматологија

Дигиталната стоматологија е родена од синергијата помеѓу дигиталната технологија и стоматологијата. Првите апликации на дигиталната стоматологија беа во дијагнозата, како дигитален рентген и дигитална компјутерска томографија и во анализа на случај преку употреба на дигитална фотографија и видео. Подоцна овие технологии се споија во една моќна алатка за естетско планирање ( Дигитално дизајнирање на насмевка). Друга форма на синергија помеѓу КАД/КАМ технологијата и 3Д печатењето водеше до други големи напредоци во стоматологијата. Оптичките скенери го заменија традиционалното земање на отпечаток од забите, користење на хирушки водичи при поставување на импланти, компјутерски режени реставрации се алтернатива на рачно изработените. Тоа што го нарекуваме иднина е всушност сегашност.

Дигитализација на пациентот

При првата посета на стоматолог, сите релевантни информации за пациентот може да се земат со помош на дигиталните технологии( фотографија, видео, скенирање на забите, дигитален рентген) и на тој начин се прави еден дигитален клон на пациентот. Во денешно време пред да се третира реалниот пациент, ние го третираме дигиталниот клон. Ова ни овозможува да размислуваме креативно и да го симулираме најдобриот план на терапија  за секој пациент, со тоа при изведувањето на реалните процедури ќе немаме никакви изненадувања.

ПРЕДПОСЛЕ

Дигитално дизајнирање на насмевката

Дизајнот на насмевката секогаш започнува со анализа на лицето. Оваа анлиза ќе ни даде идеа за хармонијата која треба да ја има насмевката. Можеме да ги одредиме идеалната позиција и големина на идните заби и тој дигитален дизајн ќе ни биде водич за целиот третман.

Дигитална ортодонција

Едноставен и ефикасен концепт кој ни овозможува ортодонскиот третман да е воден од дигиталниот дизајн на насмевката. Ова би значело дека 2Д информациите добиени од анализата на фотографиите и видеата, да ги пренесеме во идна 3Д позиција на забите при ортодонското движење на забите.

Хирушки водичи

Со помош на хирушките водичи можеме да имаме побезбедно и попрецизно поставување на импланти. Тие се 3Д печатени форми врз база на дигиталниот дизајн и компјутерската томографија на пациентот.