2D Дигитална рендгенграфија

Ендомак обезбеди најсовремени 2D апарати за ортопантомографско и дигитално рендгенско снимање на забите. Предностите од тоа се:

  • 80 пати намалена експозиција на снимање;
  • 50% намалена радијација;
  • моментално дигитално отчитување на компјутер без потреба од чекање на развивање на класична слика;
  • RTG сликата може веднаш да се испрати на и-меил, да биде снимена на CD, да се отпечати на ласерски печатач или да биде генерирана и по потреба побарана.

3D CBCT

За најпрецизно дијагностицирање, анализа и план на терапија во орално хируршките интервции Ендомак воведе и  3D ДИГИТАЛНА СТОМАТОЛОШКА КОМПЈУТЕРСКА ТОМОГРАФИЈА.

Со едно снимање компјутерскиот томограф ги опфаќа сите анатомски структури од горната и долната вилица вклучувајќи го и пределот на умниците и виличниот зглоб овозможувајќи му на стоматологот максималнно можно видно поле што му ги олеснува пристапот и третманот кај сите орално хируршки интервенции, вклучително и вградување повеќе импланти.

Снимањето со дигиталниот стоматолошки компјутерски томограф е безболно, без негативни ефекти и краткотрајно (само неколку секунди). За тоа не е потребно закажување и чекање, а на барање на пациентот томографската слика веднаш се снима на CD.

Оваа RTG снимка е неопходна важна при апликација на импланти.