Белење на забите
Ова е најосновна и најефтина козметска процедура. Бројни се варијациите од материјалите и техниките на белење на забите, меѓутоа најдобар третман останува да биде професионалното белење кое се одвива под надзор на стоматолог.
За луѓето што имаат темни или обоени заби, третманот за белење на забите е наједноставно решение, сигурен и ефективен начин за побелување. Во последно време, белењето стана широко прифатена метода, поевтина и полесна за изведување.
Постои голем напредок кај средствата и поедините системи за белење, а самите методи се високо софистицирани. Додека порано белењето можеше да се направи само во стоматолошката ординација, денес постои можност и за белење во домашни услови, секако, под надзор на стоматолог. Производителите на забни пасти открија пазарен потенцијал од белењето и развија широка палета на производи за побели заби.
Современите гелови за белење на забите содржат хидроген пероксид или карбамид пероксид како активни компоненти. Овие пероксиди навлегуваат во внатрешноста на тврдите забни ткива, се дисоцираат на кислород кој истовремено ги обелува обоените супстанци на површината на глеѓта како и оние кои што навлегле во глеѓните и дентински ткива. Структурата на забот не се менува- се менува надворешниот изглед, кој станува побел и посветол.
Повеќе
За да се коригира дисколорацијата, процедурата на белење се применува кога превенцијата е неуспешна или невозможна. Белењето може да се препорача практично за сите. Идеално е за луѓето кои имаат здрави, непломбирани предни заби. Не би се препорачало единствено кај пациенти кај кои е извесно дека белењето нема да даде резултат. За нив стојат на располагање други естетски процедури.
Белењето не треба да се сфати само како естетска процедура, туку тоа треба да биде составен дел на комплетната грижа за забите и да биде вклучено во редовното одржување на здрава и убава насмевка. Стоматологот мора да биде способен да ги задоволи барањата на својот пациент, од една страна, и да знае што може реално да се очекува, од друга страна, односно да го предвиди резултатот однапред. Кај некои пациенти може да се добијат помали ефекти од очекуваните, затоа што забите реагираат различно. Степенот на обелување е индивидуален и зависи од структурата на забите и од методот што се користи.
Пократко
Бондирање на забите
Најдобра опција за искривени, истрошени или поткршени заби. Процес каде со материјал приближен на бојата на глеѓта на забот, се аплицира на површината на забот, се моделира на лице место, истиот се стврднува и на крај се полира за да се добие идеална насмевка.
Бондирањето може да направи “чуда” за обоените заби кои не реагираат на белење, но и применување на формата на неправилно поставените заби. Третманот за бондирање е многу пократок и поевтин во споредба со протетските коронки и ламинати. Подготовката на забот за бондирање се состои во мало состружување на површината и премачкување со течност за бондирање. Течноста прави микро пукнатини во површината, за да може да се сврзе (бондира) бондингот (реставративниот материјал) со забната структура. Во зависност од проблемот на забот, стоматологот одлучува дали ќе постави композитна смола, акрилни или порцелански ламинати.Композитната смеса се обликува во саканата форма, се дотерува и се полира, со што се добива убав и природен изглед на забот.
Повеќе
Целата постапка комплет но се завршува со еден третман, и во најголем дел од случаите се изведува без локална анестезија. Композитните пломби се поставуваат не само при поправање расипан заб со кариес, туку и за козметски цели, прекуменување на бојата или формата на забите. За акрилните и порцеланските ламинати кои се употребуваат и за предните површини на забите, се користат истите смолести материјали како кај бондирањето. Естетскиот изглед е најголема предност, бидејќи бојата на композитот се избира според бојата на забот на кој се поставува. Затоа поправката е сосема вклопена во природниот изглед на забот.
Композитот се бондира, се сврзува со забната супстанца, и го зацврстува останатиот дел од забот, заштитувајќи го од кршење. Истовремено има улога и на изолатор од температурни промени предизвикани од храната. Композитните материјали се релативно евтини, а композитните смоли се во различни бои и нијанси, така што може да се направи најсоодветен избор на бојата на композитот со бојата на природниот заб.
Со правилна и внимателна нега на забите со композитни реставрации се обезбедува нивна долготрајност. Бондираните заби треба секојдневно да се четкаат со четка и паста за заби и да се чистат со забен конец. Ова особено се однесува на пациентите што пијат кафе, чај и пушат цигари, бидејќи од кофеинот и никотинот композитниот материјал потемнува. Композитните реставрации имаат покус век на траење споредено со порцеланските ламинати или коронки. За тоа треба да се “обновуваат” на секои пет до десет години. Оваа техника особено треба да се практикува кај предните заби. Скршеници на забите најчесто настануваат при сообраќајни незгоди, падови, спортски повреди, удар по лицето или грицкање тврдипредмети, како и при чкрипење и стискање со забите.
Пократко
Ламинати
Најпопуларна естетска процедура. Ламинатите се ултра тенки, индивидуално изработени порцелански лушпи кои се фиксираат директно на забот. Тие се најдобра естетска опција доколку се работи за затварање на меѓузабни простори – дијастеми, малку поткршени, искривени или обоени заби, таму каде белењето на забите не било задоволително.
Дали некогаш сте посакале вашите заби да изгледаат поубаво без да морате да носите ортодонтски протези или да правите коронки? Тоа е можно со порцеланските ламинати кои се фантастичен начин за корекција на предните заби и најдобар избор, во естетска смисла, при креирање на убава насмевка. Со нив може да се менуваат позицијата, формата, големината и бојата на забите. Исто така, со нив се затвораат празните простори мегу забите, се реставрираат расипаните, оштетени и напукнати заби. Со нив се врши и преобликување и остварување на помали репозиционирања на забите, а може да се направи и “инстантна” ортодонција и да се исправат кривите заби.
Повеќе
Ламинатите се многу тенки (0,3 мм до 0,5 мм), но исклучително се цврсти кога ќе се прилепат на забите. Тие имаат природен изглед и се транспарентни на светлина – проѕирни се како природните заби. Не бараат голема редукција на забната супстанца како коронките, а сепак обезбедуваат трајни естетски резултати.Порцеланските ламинати или забни фасети, се едни од поновите пронајдоци на козметската стоматологија. Тоа се тенки лушпи од порцелан што се прилепуват на предната страна од забите, за да се добие козметско подобрување во нивниот изглед, и се безболен начин за подобрување на изгледот на предните заби. Со техниката на порцеланско фасетирање се искористуваат бондинг (врзувачките) способности на овие материјали за да се оствари сигурно спојување на тенкиот лист од порцеланската фасета со забот. Кога се бондираат на забната површина тие ги имитираат особините на однесување со светлината што ги поседува природната глеѓ. Ламинатите се отпорни на обојувања од кафе, чај, па дури и на никотинот од цигарите. Отпорни се и на механички дразби.
Многу состојби на забите се надминуваат со третман со ламинати. Една од индикациите (случаите кога се применува) е реставрирање на обоен заб, кај кој се покажале неефективни повеќето конвенционални методи на белење (заби со тетрациклинско или флуорозно обојување или оние заби кои потемнеле како резултат на траума или од каналско лекување). Друга важна индикација е кога треба да се направат значајни измени во формата или контурите на забите. Со поставување ламинати, на малите или неправилни заби може да им се даде убава, правилна форма, да се стеснат празните простори мегу забите со проширување на забите, а прекратките заби да се издолжат. Порцеланските ламинати често можат да бидат ефикасен метод за постигнување козметски промени кај заби кои имаат мали пукнатини (одлуштувања) или површината им е трошлива или унаказана.
Пократко
Импланти
Добра замена за парцијалните или тоталните протези и недостаток од заби. Имплантот се анкерира во забната коска, се зема отпечаток и се цементира измоделирана речиси природна коронка.
Со години наназад протезите беа единствена опција за луѓето со изгубени заби. Протезите често создаваат потешкотии при џвакањето, зборувањето и смеењето. Денталните импланти се алтернатива на класичните протези и мостови при заменување на извадените заби. Тие овозможуваат трајна замена на изгубените заби и враќање на нормалните функции на забалото со максимален комфор за пациентот.Имплантите се вештачка потпора за забот, изработена од титаниум, која хируршки се поставува во виличната коска. Имплантот, всушност, го заменува коренот на изгубениот заб, со што на него ќе може да се постави коронка. Може да се користат како потпора за поединечен заб, фиксни мостови, за парцијални или комплетни протези. Имплантите може да се постават кај возрасни, кои имаат здрави непца и содветна коска за да го држи имплантот. Луѓето треба да бидат спремни за одржување добра хигиена на устата, која е потребна по поставување на имплантот.
Повеќе
Денталните импланти се многу успешен начин за замена на забите поради нивната коскена интеграција, што е природен процес при кој коскеното ткиво го обраснува имплантот и тој практично ,,се всадува,, во коската. Со тоа се добива многу цврста основа за вештачкиот заб која овозможува нормално џвакање и зборување.
Хируршкиот зафат за поставување на импланти се изведува амбулантски со локална анестезија. Во коската се прават дупчиња на прецизно одредено место во кои се поставува металниот имплант. Првите неколку дена може да постои оток и модрици на гингивата и на соседната кожа. За намалување на отокот се употребуваат ледени облози во првите 24 часа. Обично се даваат антибиотици за спречување на евентуална инфекција постоперативно. Опоравувањето е релативно брзо и без поголеми тегоби. Ако се јави болка таа е обично поврзана со инфекција или неуспех на имплантот. Додека да се постават дефинитивните коронки се изработуваат привремени, парцијални протези за да не се гледаат имплантите.
Пократко
CAD/CAM коронки
Овој систем претставува примена на современата компјутерска технологија во изработка на целосно порцеланска коронка. Основната предност на овој компјутерски биоконцепт е брзината и прецизноста на изработката, максималната естетика и природниот изглед на коронката.
CAD/CAM системот, претставува примена на современа компјутерска технологија во изработката на коронки и други реставрации од порцелан, за кратко време, во ординацијата на стоматологот. (CAD/CAM кратенката означува компјутерски асистиран дизајн и компјутерски асистирана изработка). Основната предност на овој компјутерски биоконцепт пред традиционалната лабораториска изработка е брзината и прецизноста на изработката на коронките, порцеланските ламинати и пломби.
Повеќе
Постапката се одвива така што најпрво забот се струже – се препарира. Потоа се зема мал отпечаток од препарираниот заб и од двата соседни заба. Готовиот отпечаток се поставува на платформата на ласерската камера, која се врти и го снима од различни насоки-агли. На овој начин се добива оптички модел од земениот отпечаток од забот. Најновите истражувања се во насока на потполно надминување на потребата од земање класичен отпечаток од забите.
Следниот чекор е прикажување на снимките на компјутерскиот монитор. Во оваа фаза докторот интервенира, односно ги одредува контактните точки, финалните линии и останатите важни обележја на коронката. Откако компјутерот ќе ги добие овие наредби, тој изработува тридимензионална слика на коронката со соседните заби. Кога е направена последната проверка и кога е одлучено дека коронката функционално и естетски задоволува, податоците се пренесуваат на Биокад-системот.
Биокад системот дизајнира модел за коронка која одговара на конкретната препарација и идеално се вклопува во загризот. Во машината треба да се стави блок од порцелан, а се останато е автоматизирано. Од порцеланскиот блок се изрежува и се обликува саканата коронка. Времето на изработка се движи од 80 до 140 минути. Основната предност за пациентите е во тоа што коронка се добива истиот ден, со една посета кај стоматологот. Нема потреба од носење привремени реставрации, анестезија се прима само еднаш, и не се потребни денови за чекање на изработката во лабораторија, проби и корекции.
CAD/CAM системот во практиката се користи за изработка на сите целосно-порцелански реставрации, како: коронки, ламинати и мостови, инлеј и онлеј (порцелански пломби). Може да се користи и за изработка на реставрации од други материјали: композити, пластични маси и сл.
Пократко
Дигитално дизајнирана насмевка (DSD – Digital Smile Design)
Денес не е доволно да се има само уста што нема биолошки и функционални проблеми! Луѓето сакаат убава насмевка, интегрирана со нивните физички карактеристики и, во исто време, во хармонија со сопствените емоционални аспекти. Дигитално дизајнираната насмевка (DSD) претставува ново лице во стоматологијата – почовечко, емотивно и уметничко – што дополнително ја подобрува нашата благородна професија во општеството, со користење на видео и природни услови што јасно можеме да ги видиме, бидејќи после се, не постојат многу нешта во животот кои се поважни од една здрава, природна, сигурна и убедлива убава насмевка!
Концептот на DSD има цел да им помогне на стоматологот и на пациентот во 3 аспекти:
- Подобрено планирање и дизајн на естетска насмевка
- Подобрена комуникација меѓу стоматологот и пациентот; притоа да го зголеми учествотото во процесот на дизајнирање на вашата насмевка
- Едуцирање на пациентите за придобивките од третманот
Со децении, стоматолозите се обидуваат да ја усогласат формата на забите со целото лице врз основа на параметри, како што се полот, карактерот и возраста. Но, вистинските успешни резултати биле недофатлииви. Модерната стоматологија треба да се осовремени со цел да се задоволат очекувањата на луѓето со големи очекувања. За да се постигне таков вид резултат, модерниот стоматолог треба да оди чекор подалеку, отколку да биде само добар професионалец.
Повеќе
Со концептот на DSD, секој пациент поминува низ процес на брзо учење со помош на видео и слики на лице место во нашето стоматолошко студио, ги проучуваме резултатите од зборувањето, а потоа, врз основа на тоа, ние ќе направиме калап од неговата уста (во оваа фаза ја избираме формата и големината на новите заби преку Visagism – концептot). Visagism им помага нa стoматолозите да обезбедат реставрација, која е одговорна не само за естетиката, но исто така и за психосоцијалните карактеристики на создадената слика, што влијае врз емоциите на пациентите, чувството на идентитет, однесувањето и самодовербата. Овие фактори, за возврат, влијаат на тоа како набљудувачите реагираат на пациентите кои биле подложени на третманот.
Тогаш го пробуваме предлогот за нова насмевка во устата, а пациентот може да се смее, да зборува и да процени дали новата насмевка ги исполнува неговите естетски очекувања и дали треба да се направат некои дополнителни промени. Во тој момент се е отповикливо, бидејќи не ги допираме вистинските заби. Ова можеме да го направиме со акрил преку вашите вистински и природни заби.
DSD носи вистинска визуелизација во фокусот за пациентот, овозможувајќи му да го види крајниот резултат на реставрацијата во реално време, пред да почне стоматолошкиот третман. DSD гледа на пациентот како целина, на карактерот, како и на целата структура на лицето, за да се осигура дека крајниот резултат ќе се совпадне со естетскиот изглед на лицето, како и на карактерот на пациентот.
DSD е филозофско дело… Тоа е нов бран кој стоматологијата ја носи на емоционално ниво, поврзувајќи се со луѓето преку визуелна комуникација и вистинска нега.
Пократко