Имплантологија

Добра замена за парцијалните или тоталните протези и недостаток од заби. Имплантот се анкерира во забната коска, се зема отпечаток и се цементира измоделирана речиси природна коронка.

Со години наназад протезите беа единствена опција за луѓето со изгубени заби. Протезите често создаваат потешкотии при џвакањето, зборувањето и смеењето. Денталните импланти се алтернатива на класичните протези и мостови при заменување на извадените заби. Тие овозможуваат трајна замена на изгубените заби и враќање на нормалните функции на забалото со максимален комфор за пациентот.Имплантите се вештачка потпора за забот, изработена од титаниум, која хируршки се поставува во виличната коска. Имплантот, всушност, го заменува коренот на изгубениот заб, со што на него ќе може да се постави коронка. Може да се користат како потпора за поединечен заб, фиксни мостови, за парцијални или комплетни протези. Имплантите може да се постават кај возрасни, кои имаат здрави непца и содветна коска за да го држи имплантот. Луѓето треба да бидат спремни за одржување добра хигиена на устата, која е потребна по поставување на имплантот.

Денталните импланти се многу успешен начин за замена на забите поради нивната коскена интеграција, што е природен процес при кој коскеното ткиво го обраснува имплантот и тој практично ,,се всадува,, во коската. Со тоа се добива многу цврста основа за вештачкиот заб која овозможува нормално џвакање и зборување.

Хируршкиот зафат за поставување на импланти се изведува амбулантски со локална анестезија. Во коската се прават дупчиња на прецизно одредено место во кои се поставува металниот имплант. Првите неколку дена може да постои оток и модрици на гингивата и на соседната кожа. За намалување на отокот се употребуваат ледени облози во првите 24 часа. Обично се даваат антибиотици за спречување на евентуална инфекција постоперативно. Опоравувањето е релативно брзо и без поголеми тегоби. Ако се јави болка таа е обично поврзана со инфекција или неуспех на имплантот. Додека да се постават дефинитивните коронки се изработуваат привремени, парцијални протези за да не се гледаат имплантите.

MIS MGUIDE – НЕИНВАЗИВНА ДИГИТАЛНА ВОДЕЧКА ИМПЛАНТОЛОГИЈА

  • MGuide системот на MIS Implants претставува клуч за поставување на импланти претходно изработен врз база на 3D CBCT снимки и дополнителни орално клинички прегледи и анализи.
  • MGuide системот на MIS Implants е единствен дигитално изработен најнапреден хируршки систем во светот, кој нуди “GPS” навигациона прецизност на имплантологот при поставување на имплантите.
  • MGuide системот на MIS Implants гарантира безбедност на пациентот и ја елиминира стучната грешка на имплантологот при работа