Зошто толку сериозно ја сфаќаме инфекциската контрола?
Без соодветни техники за инфекциска контрола, многу работи во една стоматолошка клиника, вклучувајќи ги и луѓето, инструментите – дури и компјутерските компоненти – може да бидат носители на различни загадености и да придонесат за ширење на бактерии и болести. Заразните болести се предизвикуваат од патогени микроорганизми, како што се бактерии, вируси, паразити или габи. Овие болести може да се шират директно или индиректно меѓу стоматолошкиот персонал и меѓу пациентите.
Постапките за контрола на инфекции се мерки на претпазливост во здравствените установи со цел да се спречи ширењето на болести. Сите вработени во Ендомак се грижат за вашата безбедност и напорно работат за да се спречи ширење на инфекции. Пред да влезете во нашите работни простории, сите површини, како што се стоматолошкиот стол, стоматолошката ламба, фиоките и столчињата, се чистат и деконтаминираат. Целата опрема е покриена со заштитни прекривки, кои се заменуваат по завршувањето на интервенцијата на секој пациент.
Оние кои не се за еднократкна употреба, како стоматолошките алатки, се чистат и стерилизираат по употребата, за да се исклучи можноста да се пренесе евентуална инфекција од еден на друг пациент.
Еднократните стоматолошки алатки и игли никогаш не се користат за друг пациент. Мерките на претпазливост за контрола на инфекции, исто така, бараат од сите стоматолошки лица кои се вклучени во грижата за пациентот да користат соодветна заштитна облека, како што се ракавици, маски, наметки и очила. После секој пациент, еднократната опрема веднаш се фрла. Пред да почнат со следниот пациент, членовите на тимот за лекување ги мијат рацете и ставаат нов пар ракавици.
Вашата добросостојба е важна за сите наши стоматолози и стоматолошки персонал. Затоа процедурите за контрола на инфекции се истакнати на сите наши стоматолошки клиники во Ендомак.