Зошто сме поинакви?

Уште од самиот свој почеток политиката на ЕНДОМАК беше, а ќе остане да се развива и во иднина, насочена кон менување на перспективите во стоматологијата и воведување на нови модерни концепти. Истовремено, извршивме влијание врз Македонската стоматологија применувајќи нови светски најсовремени методи и техники при стоматолошката работа. Први го воведовме МЕНАЏИРАЊЕТО НА ПАЦИЕНТИ во Македонија. Воведовме разни типови на формулари како: МЕДИЦИНСКА ИСТОРИЈА НА ПАЦИЕНТ, СОГЛАСНОСТ ОД ПАЦИЕНТ, ДЕНТАЛНИ ФОТОГРАФИИ, нивно дигитализирање и архивирање во специјално направена сопствена компјутерска програма.

  • Први спроведовме прецизни ПРОТОКОЛИ ПРИ РАБОТАТА со пациентите од сите области на стоматологијата, а особено внимание посветивме на ИНФЕКЦИСКАТА КОНТРОЛА.
  • Први го воведовме БЕЛЕЊЕТО НА ЗАБИТЕ. Инвестиравме во најсовремени технологии и материјали со цел да им обезбедиме на пациентите најбезбеден систем кој дава максимален избелувачки ефект.
  • Први ја воведовме ЕСТЕТСКАТА СТОМАТОЛОГИЈА како најнова гранка во светската стоматологија, а и термините ХОЛИВУДСКА НАСМЕВКА и ДИЗАЈНИРАЊЕ НА НАСМЕВКАТА. За таа цел ЕДИНСТВЕНИ сме што воведовме DSD (дигитална дизајнирана насмевка) која дава вистинска визуелизација во фокусот за пациентот, овозможувајќи му да го види крајниот резултат на реставрацијата во реално време, пред да почне стоматолошкиот третман.
  • Први ги донесовме и применивме во Македонија сите најнови КОМПЈУТЕРСКИ ТЕХНОЛОГИИ за производство на вештачки заби.
  • Први ги промовиравме ПОРЦЕЛАНСКИТЕ ЛАМИНАТИ како светска модерна и атрактивна корекција на насмевката.
  • Први го применивме РЕКОНТУРИРАЊЕТО и БОНДИРАЊЕТО НА ЗАБИТЕ.
  • Први спроведовме ДИГИТАЛНА РЕНДГЕНОГРАФИЈА на забите, имплентирајќи нова технологија, со што ја зголемивме безбедноста на пациентите од рендгенското зрачење.
  • Први го воведовме 3D CBCT како примарно дијагностички апарат во ендодонцијата и оралната хирургија.
  • Први ја издигнавме ИМПЛАНТОЛОГИЈАТА на врвно светско ниво. Во исто време, а со цел пациените и стоматолозите да бидат јавно информирани, направивме специјален веб портал за тоа наречен implantME.com каде на светско ниво се претставува нашата работа.
  • Први ја воведовме PIEZO ХИРУРГИЈАТА со што ја зголемивме безбедноста на пациентите од било каква хируршка траума.
  • Први воведовме МИКРОСКОПСКА ЕНДОДОНЦИЈА со што даваме базично значење на зачувувањето на природните заби.
  • Први воведовме ЛАСЕРСКО ПЕЧАТЕЊЕ на заботехнички работни модели, сплинтови и хируршки водилки…
  • Први воведовме MGUIDE хируршка водилка за импланти…
  • Први регистриравме НАУЧЕН ИНСТИТУТ – Академија за естетска стоматологија каде вршиме специјалистичка обука…
  • Први сме во воведувањето на ДЕНТАЛЕН ТУРИЗАМ привлекувајќи и носејќи пациенти од соседните земји и пошироко.
  • ЕДИНСТВЕНИ сме што носиме светски познати ЕДУКАТОРИ за усовршување на нашиот тим.
  • ЕДИНСТВЕНИ сме со нашите многубројни ПЕЧАТЕНИ ПУБЛИКАЦИИ како списанија, книги, летоци и јавно стручни настапи, а со цел ПРОМОЦИЈА на светската стоматологија и кај нас.
  • ЕДИНСТВЕНИ сме и препознатливи со нашиот оригинален МАРКЕТИНГ.

Зошто сме поинакви?

ЕНДОМАК не е само бренд. ЕНДОМАК е ЛИДЕР во Македонската стоматологија!!! За тоа говорат нашите МЕЃУНАРОДНИ СЕРТИФИКАТИ и ПРИЗНАНИЈА, но и, за нас најбитните, нашите многубројни ЗАДОВОЛНИ ПАЦИЕНТИ.